Во кочанскиот регион големи штети од пролетниот мраз

Пролетниот мраз направи големи штети на лозовите и овошните насади и во кочанско. Комисиите за проценка на штетите на земјоделските култури во општината веќе втор ден се на терен за да направат увид на штетите од пролетниот мраз на лозовите и овошните насади.
Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јордан Димитров изјави дека земјоделците и од Кочанско, како и од општините Зрновци и Чешиново Облешево имаат претрпено големи штети.
- Се работи за оштетувања кај овошните и лозови насади, кај кои штетата е 100 проценти. Од мразот штети претрпеа и вишните, сливите, јаболките, крушите, смоквите и калинките. Земјоделците од кочанскиот регион масовно пријавуваат штети во нашата подрачна единица, вели Димитров.
Тој информираше дека земјоделците од трите општини во кочанскиот регион штетите од мразот можат да ги пријавуваат до 15 мај, по што ќе се знае целосно претрпената штета по насади и површина. Потребно е да се достават пријави, трансакциска смета, имотен лист или договор за закуп.
Ново на Сител
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
