Во Кочани повторно ќе се реализира програмата „Форуми во заедницата“
Во Кочани во септември повторно ќе почне да се реализира програмата „Форуми во заедницата“ за која градоначалникот Ратко Димитровски во јуни го потпиша договорот со Швајцарската агенција за развој и соработка.
Со програмата, што ќе се реализира до февруари следната година, Општина Кочани добива 825 илјади денари наменети за организирање форуми кои претставуваат поддршка на општините и вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво.
- Ова ќе значи вклучување на граѓанската заедница, како што имавме и досега. Вклучувањето на граѓаните во форумите ја означува комуникацијата со нив, како и транспарентноста во работењето. Очекувам и ги поканувам сите наши граѓани да се вклучат во форумите, за да можеме буџетот за 2017 година што потранспаретно да го донесеме, рече Димитровски.
На форумите граѓаните учествуваат давајќи предлози за приоритетните проекти, од кои потоа дел се реализираат.
Во изминатите години Кочани реализираше и заеднички проект со општина Пробиштип за комунално уредување на Спортско рекреативниот центар Пониква со изградба на улица со тротоари која се протегаше од паркингот до манастирот „Св.Василиј“.
Во изминатите три години општина Кочани реализираше проекти од „Форумите во заедницата“ преку кои се решени неколку значајни инфраструктурни проблеми во градот. Во Бунарскиот систем кај Грдовски орман, од каде што Кочани се снабдува со здрава вода за пиење, со средства од Швајцарската конфедерација е пуштен во употреба нов бунарски систем со над 35 литри вода во секунда, реновирани се неколку паркови и зелени површини, а оградено е и училиштето „Св,Кирил и Методиј“.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола