Во Кочани одбележана ПХВ неделата

Со промоција на реализираните проекти и презентација на сработеното во циклусот за Промоција на хумани вредности (ПХВ), младите од Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска ја одбележаа ПХВ неделата.
Беа врачени награди на добитниците на прво, второ и трето место за најдобар краток расказ и фотографија од спроведениот конкурс, како и признанија на учесниците во овогодинешниот ПХВ циклус.
- Главната цел е активирање на младите, локална промоција на клубовите на млади во нашиот град. Идејата е истата група млади кои ги изработувале малите проекти, повторно да се анимираат, на интересен начин да се вклучат и да се поттикне да бидат креативни и на креативен начин да ја презентираат организацијата, проектот за кој работеле, но и самата недела, изјави Билјана Петрова, дисеминатор во општинскиот Црвен крст на Кочани.
На објавениот конкурс за краток расказ и фотографија на тема „Промоција на различности“ за млади од 12 до 18 години се пријавија голем број млади творци. Првата награда за краток расказ и фотографија ја доби Викторија Андонова од СОУ„Љупчо Сантов“ од Кочани.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
-

Приведен Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Карпош и директор на Царина
