-->
-->
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-->
Со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид во Кисела Вода. 73-годишна сопатничка е тешко повредена откако нејзиниот сопруг со „фолскваген“ се забил во бетонски ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.
-Вчера во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од с.Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар