Во Кисела Вода легализирани уште 50 дивоградби
Општина Кисела Вода легализираше уште 50 дивоградби, со што бројот на дивоизградени објекти во овој дел на градот, кои се здобија со правен статус, се зголеми на 4.682.
По завршувањето на продолжениот рок за поднесување барања за легализација, кој истече на 31 март, бројот на предмети што треба да бидат решени е 13.849. Според општината, 1.734 граѓани ја искористиле дополнителната можност што ја даде Владата и поднеле барање за легализација до општинските служби. Се уште е голем бројот на предмети без комплетирана документација. Сега, 4.169 предмети се без геодетски елаборат. Рокот за доставување на елаборатот за новодонесените барања е до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, рокот за докомплетирање на документацијата е до 31 декември 2016 година.
Од општината очекуваат дека граѓаните нема да ги чекаат крајните рокови и оти што поскоро ќе ја достават документацијата до административните служби.
- Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика на заокружувањето на процесот на легализација, што треба да доведе до рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа за сите жители на овој дел од градот, стои во соопштението од Општината.
Ново на Сител
-
СДСМ не исклучува разговори и со Таравари за локални
-
Преглед на вестите од светот
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции