Во Кисела Вода акција за собирање електричен отпад
Општина Кисела Вода заедно со друштвото за управување со отпад „Нула Отпад” денеска почна голема еколошка акција за собирање електронски и електричен отпад.
Од 10 часот утринава, на повик од општината, жителите на три урбани заедници, 11 Октомври-бараки, 11 Октомври-Згради и Цветан Димов, ги носат старите и неупотребливи мали и големи електрични апарати, компјутери и компјутерска опрема, телевизори, видео рекордери, музички системи, електрични алатки во своите месни заедници, за што добиваат вредносни ваучери.
Е-отпадот ќе биде преземен, соодветно селектиран и рециклиран од страна на „Нула Отпад”. Акцијата ќе се одвива до втората половина на декември, кога ќе се знае и која месна или урбана заедница од општина Кисела Вода собрала најмногу електронски отпад за што ќе добие награда.
Ново на Сител
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство