-->
-->
Во Кина речиси 60 илјади заболени од Ковид-19 починале од 8 декември до 12 јануари
-->
Кина денеска соопшти дека речиси 60.000 луѓе со Ковид-19 починале во болниците откако државата ненадејно ја прекина политиката на нулта толеранција на коронавирусот на почетокот на декември.
– Меѓу 8 декември и 12 јануари, вкупно 59.938 луѓе со просечна возраст од 80,3 години починале во кинеските болници од коронавирус, рече на брифингот со новинарите директорката на Бирото за медицинска администрација при Националната здравствена комисија, Џиао Јахуи.
Таа рече дека 5.503 смртни случаи се предизвикани од респираторни проблеми поради Ковид-19, додека 54.435 се резултат на комбинација на коронавирус и други болести.
Кога станува збор за починатите, 90,1 отсто биле на возраст од над 65 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија