Во Кина казни за родители на непослушни деца
Кинескиот парламент ќе расправа за воведување закони за казнување родители доколку нивните деца се однесуваат „многу лошо“ или извршат криминални дела. Предлог-законот за унапредување на семејното воспитување предвидува дека ако обвинителството најде форми на многу лошо или криминално однесување кај детето, неговите старатели ќе добијат опомена и обврска да поминат низ програми за семејно воспитување.
Предлог -законот за унапредување на семејното образование, за кој ќе се расправа оваа недела, исто така ги повикува родителите да го организираат времето на своите деца за да можат да се одморат, да си играат и да вежбаат.
Министерството, исто така, ги намали домашните задачи и забрани воннаставни активности по главните предмети за време на викендите и празниците, поради тоа што обемот на работа во средните училишта ги исцрпува децата.
Ново на Сител
-
Мицкоски со порака до полициските службеници: Вашата мисија е света – да го чувате поредокот, но и да ја вратите доверба кај народот, продолжуваме да инвестираме во безбедноста
-
Во Крушево најмногу дожд, денеска нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
ПСЖ или Арсенал, Интер го чека противникот во финалето во Лигата на шампионите
-
САД со рекорден трговски дефицит во март
-
Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан