Во Кина казни за родители на непослушни деца
Кинескиот парламент ќе расправа за воведување закони за казнување родители доколку нивните деца се однесуваат „многу лошо“ или извршат криминални дела. Предлог-законот за унапредување на семејното воспитување предвидува дека ако обвинителството најде форми на многу лошо или криминално однесување кај детето, неговите старатели ќе добијат опомена и обврска да поминат низ програми за семејно воспитување.
Предлог -законот за унапредување на семејното образование, за кој ќе се расправа оваа недела, исто така ги повикува родителите да го организираат времето на своите деца за да можат да се одморат, да си играат и да вежбаат.
Министерството, исто така, ги намали домашните задачи и забрани воннаставни активности по главните предмети за време на викендите и празниците, поради тоа што обемот на работа во средните училишта ги исцрпува децата.
Ново на Сител
-
На Клинички побрзо се заршува кај лекар отколку да се најде слободен паркинг
-
Владата најавува инвестициски циклус од 6 милијарди евра
-
За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици
-
Избори во Германија
-
Преглед на вестите од светот
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност