Во Кичево се зголемуваат кривичните дела тешки кражби
Според последните податоци објавени од СВР-Охрид а се однесуваат за подрачјето кое го покрива полициската станица во Кичево, во периодот од први јануари па се до 15 март годинава се извршени повеќе кривични дела за тешка кражба и кражба.
Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски за наведениот период истакна дека на полициската станица од општа надлежност Кичево пријавени се вкупно 32 кривични дела тешка кражба и 17 кражба.
Во текот на јануари пријавени се вкупно девет кривични дела тешка кражба и седум кражба, во февруари девет кривични дела тешка кражба и седум кражба, додека во март пријавени се вкупно 14 кривични дела тешка кражба и три кражба.
Состојбата лани истиот период била следна - во текот на јануари 2017 пријавени биле девет кривични дела тешка кражба и десет кражба, во февруари 2017 девет кривични дела тешка кражба и четири кражба, а во март лани вкупно две кривични дела тешка кражба и шест кражба.
Од ови податоци може да се заклучи дека дека во кичевскиот регион споредбено со истиот период ланската година се зголемени кривичните дела тешка кражба и кражба. Поднесените кривични пријави исто така бележат зголемување иако податоците не се целосно обработени.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше
-
Конте може да го напушти Наполи: Ми треба почит, не можам да живеам со надеж за чуда