Во Кичево се одржа протест на иницијативата „За заедничка Македонија”

Пред платото на Домот на културата во Кичево вечерва протест одржа Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”, а пред присутните се обрати Даме Силјаноски.
-Потсетуваме дека целта на нашиот протестен марш е да упатиме порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани, но без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави. Граѓаните се освестија и нема да дозволиме никој да го уништи нашиот соживот па од тука уште еднш ги повикуваме сите наши сограѓани без оглед на на националната и верската припадност што сакат да живеат во нашата заедничка држава Макеоднија да ни се придружат на нашите мирни протести. Ние ќе продолжиме со протестите се додека не се осигураме дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаме и каква што треба да биде, порача Силјаноски.
Пред присутните вечерва со две музички точки се претстави групата Профи бенд и Теодора Велкоска.
Ново на Сител
-   
           Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-   
           Во исто време има и грип и Ковид-19
-   
           Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Филипче обвинува за предизборни притисоци
-   
           Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-   
           Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
-   
           Преглед на вестите од светот







