Во Кичево протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“

Пред Домот на културата во Кичево и вечерва се одржа протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- Браќа и сестри Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати продолжуваме со нашата борба за зачувување на унитарноста на нашата татковина Македонија. Секојдневно ни се приклучуват наши сограѓани без разлика на етничката или верска припадност. Вечерва имаме голема подршка од влашката заедница, истакна Даме Силјаноски, кој говореше во името на граѓанската иницијатива.
Во име на влашката заедница се обрати Коста Галиманоски, кој рече дека Власите од Кичево и од цела Република Македонија не сакаат платформи со кои ќе се урива унитарноста на Република Македонија.
- Ние секогаш сме биле за заедничка мултиетничка Македонија. Помина времето кога за Македонија одлучуваа другите. Овој пат ќе докажеме дека за иднината на нашата земја ќе одлучиме ние нејзините граѓани, додаде Галиманоски.
Протестниот марш продолжи низ улиците на Кичево.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
