Во Кичево Балкански саем за мед и пчеларство
Кичево од денеска до 12 септември ќе биде домаќин на Првиот балкански саем за мед и пчеларство на кој учествуваат пчелари од Албанија, Србија, Косово и Македонија.
Саемот е во организација ЗЗП Виножито од Кичево под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општина Кичево.
- На овој прв Баллкански саем, кој воедно е трет Национален саем за мед и пчеларство, на градскиот плоштад во Кичево ќе биде изложен природен мед, прополис, природни кремови, матичен млеч и пега, изјави Коста Галиманоски, претседател на ЗЗП Виножито.
Тој посочи дека покрај ЗЗП Виножито од Македонија учествуват и пчелари од Прилеп, Битола, Демир Хисар и Македонски Брод.
Најави дека в недела во ремките на саемот е предвидено на градскиот плоштад да се одржи концерт и да се обрати градоначалникот Фатмир Дехари.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична