Во Кавадарци отворена изложба на графики од Андријана Мациев
Изложба на графики од ликовниот уметник Андријана Мациев, синоќа беше отворена во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.
Мациев досега има повеќе самостојни и групни изложби. Учествува во колонии и други манифестации во и надвор од земјата. Добитник е на повеќе награди.
- На изложбата во Кавадарци под наслов „Живот во бои“, се претставува со триесетина графики, со што само ја потврдува својата определба. Нејзиниот графички израз е силно звучен и со чист опсег. Такви се и делата од новата фаза на творење на оваа македонска ликовна уметничка, рече нејзиниот колега, ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци.
За творештвото на Мациев говореше и актерот Александар Малинков. Тој, меѓу другото, ги потенцираше изработката на рачна хартија од Мациева и сликањето со вино.
Ново на Сител
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари