-->
-->
Во Кавадарци отворен Фестивал на „Новиот германски филм”
-->

Со прикажувањето на крими филмот „Роден во болка“, синоќа во Кавадарци беше отворен 11-от по ред Фестивал на „Новиот германски филм”.
Градоначалникот Александар Панов беше домаќин на раководителката на одделот за култура и образование на германската Амбасада во Скопје Хелга Тајпел, која веќе три години во Македонија ги организира овие манифестации.
- Предвидената програма на филмови е одлична можност да се приближи Германија на македонската публика, рече Тајпел.
Посетителите ги поздрави и преставничка на Прокредит банка од Германија, која учествува во реализацијата на овој пороект.
„Новиот германски филм“ прераснува во редовна содржина на „Кавадаречка културна есен”.
Ќе бидат прикажани шест филмови од различни жанрови (криминални, трилер, комедија, детски) од најновата германска филмска продукција.За денес со почеток од 17 и 30 и 19 и 30 се закажани проекциите на драмата „Феникс“ и трилерот „Хакери“, утре предпладне во термините од 10 и од 12 часот ќе се прикажуваат „Лола на грашокот“ и „Спасете го Рафи“, а фестивалската програма ќе заврши со проекцијата на комедијата „300 збора германски“ која е закажана за во 19 часот и 30 минути.
Инаку, фестивалот е редовна програма со филмови кои се емитуваат во Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Кавадарци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
