Во Кавадарци концерт во чест на унгарскиот композитор Бела Барток
Во рамките на традиционалната соработка помеѓу Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци и Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, синоќа во културниот дом во Кавадарци се реализираа концерт, изложба и проекција на филм во чест на Бела Барток, еден од најпознатите и најмаркантните унгарски композитори на 20. век.
Минатата година се навршија 135 години од неговото раѓање. Ученици од Основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале” од Кавадарци се претставија со негови композиции, изведувајќи ги на пијано и дувачки инструменти.
Настанот беше поддржан од Унгарската амбасада во Република Македонија и кавадаречката локална самоуправа.
Градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов во своето обраќање пред присутните рече дека преку музиката на Барток и понатаму се негуваат добрите односи кои Кавадарци ги има со неговата земја. - Би сакал нашиот пријателски однос да продолжи и понатаму како и досега, нагласи меѓу другото градоначалникот.
Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Ласло Дукс рече дека станува збор за уметник, кој со својата уметност ги надминал границите на сопствената земја. - Среќен сум што многу млади музичари ги свират неговите дела и на тој начин неговата музика живее меѓу нив, рече амбасадорот Дукс.
Симона Гајдовска како композитор и претставник на Дирекцијата, проговори за ликот и делото на Барток.
- Станува збор за композититор, пијанист, музиколог кој се смета за еден од најзначајните композитори на дваесетиот век. Своето музичко образование го започнал уште од многу мала возраст. За себе знаел да каже дека започнал да свири на две години. Според раскажувањата на неговата мајка, на тапан свирел или експериментирал со ритми уште на две години. Пијано почнал да свири на четиригодишна возраст, изведувајќи унгарски народни композиции со само еден прст. Образованието го започнал со својата мајка, која била извонреден пијанист, информираше Гајдовска.
Ново на Сител
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна
-
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
-
Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред