Во Кавадарци ќе се гради нова градинка
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска информира дека со сопствени средства градат нова градинка со капацитет за 100 деца.
- Претходно реконструиравме еден објект во селото Ваташа за повеќе од 50 деца, а оваа градинка е со капацитет од над 100 деца. Исто така доградивме 200 метри квадратни во рамки на една од клоновите на постоечката детска градинка, во близина на училиштето „Гоце Делчев“, рече Панов.
Тој потсети дека на државата во овој период и претстои ребаланс на буџетот.
- Апелираме да не се скрати за идната детска градинка што треба да е на сосема друга локација, што локалната самоуправа по пат на експропријација ќе ја има во своја сопственост, рече Панов, додавајќи дека ќе почнат да ја градат градинката наредната година.
Ново на Сител
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен