Во Кавадарци изложба на фотографии од мигрантската криза

Под мотото „Стоп за рамнодушноста, да ја сочуваме хуманоста”, синоќа во музеј галеријата во Кавадарци беше отворена изложба на фотографии кои ја претставуваат мигрантската криза во Република Македонија во 2015 и 2016 година.
Озложбата е во организација на Црвениот крст на Македонија, кој под ова мото ја води и кампањата за подигнување на свеста за судбината на бегалците.
На 50 фотографии се гледаат активностите на професионалците и волонтерите на Црвениот крст поврзани со мигрантската криза и со мигрантите, кои престојуваа во бегалските кампови на територијата на Република Македонија.
- Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за хуманитарните активности и тоа не само во услови на вакви мигрантски кризи, туку секогаш кога има потреба од тоа да се помогне некому, рече пред присутните Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци.
Доктор Милчо Трајков, претседател на Црвениот крст на Македонија, посочи дека низ Република Македонија согласно УНЦХР, досега поминале околу 800 илјади бегалци.
Процесот на транзит низ државава имал три фази, подвлече тој, потсетувајќи оти првата фаза завршила до 17 јуни минатата година.
- Втората фаза беше кога Владата на Република Македонија направи промена во Законот за азил, со што им беше овозможено на азилантите извезен временски период да поминат на наша територија. Третата фаза е периодот кога беше запрена рутата и тоа не од наша страна, туку од страна на меѓународниот фактор, со што транзитирањето на бегалците беше прекинато, појасни Трајков.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
