Во Кавадарци и во Росоман регистрирани 151 пожар во 2015 година
Во Кавадарци и во Росоман во 2015 година се регистрирани 151 пожар, информираше денеска Илчо Богевски, командир на кавадаречката територијална противпожарна единица.
- Станува збор за 33 пожари на отворен или шумски простор, 105 пожари на затворено и 13 технички интервенции, главно при сообраќајни несреќи, појасни командирот Богевски.
Според него, се бележи тренд на намалување на пожарите на отворено, поради временските услови кои не им одат во прилог, но и поради превентивните мерки како ограниченото движење во шума во одреден период од годината.
- Истовремено, се зголемува бројот на пожари во градот. Причина за такво нешто се застарените инсталации кај постари објекти и неисчистени и неправилно изведени оџаци во такви објекти, нагласи Богевски.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра