Македонија
18. January 2016 - 10:16

Во Кавадарци и во Росоман регистрирани 151 пожар во 2015 година

Во Кавадарци и во Росоман во 2015 година се регистрирани 151 пожар,  информираше денеска Илчо Богевски, командир на кавадаречката територијална противпожарна единица. 

- Станува збор за 33 пожари на отворен или шумски простор, 105 пожари на затворено и 13 технички интервенции, главно при сообраќајни несреќи, појасни командирот Богевски. 

Според него, се бележи тренд на намалување на пожарите на отворено, поради временските услови кои не им одат во прилог, но и поради превентивните мерки како ограниченото движење во шума во одреден период од годината.

- Истовремено, се зголемува бројот на пожари во градот. Причина за такво нешто се застарените инсталации кај постари објекти и неисчистени и неправилно изведени оџаци во такви објекти, нагласи Богевски.