Во Карпош практичен час по природни науки

Претседателот на „Креативен центар Карпош“ проф. д-р Зоран Поповски денеска во ООУ „Вера Циривири-Трена“ одржа експериментално предавање од областа на природните науки.
- Знаењето кое учениците преку учебниците го учат по природните науки денеска ќе можат практично да го осознаат и да ја видат неговата примена. Една од целите на „КЦ-Карпош“ е преку опипливо предавање, учениците да го прошират своето знаење и на еден нестандарден начин да научат повеќе за предметите кои ги изучуваат, рече Поповски.
Тој нагласи дека во наредниот период е предвидено учениците со телескоп, преку т.н настава „Дружење со ѕвездите“ да научат повеќе и во оваа област.
Поповски напомена дека на крајот на оваа учебна година планираат одржување на првиот „КЦ-Карпош летен семинар“, на кој ќе присуствуваат ученици од општина Карпопш, од Скопје и од цела Македонија.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
