Во Карпош ќе се гради спомен-обележје во чест на загинатите бранители од конфликтот во 2001

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот Сашо Лазаровски денеска одржаа работна средба со семејствата на загинатите македонски припадници на безбедносните сили во конфликтот во 2001 година.
Јакимовски, како што информира општина Карпош, го прифати барањето на семејствата да се изгради спомен-обележје во чест на загинатите бранители, на локација која дополнително ќе се утврди.
Општина Карпош, како што се наведува во соопштението, води грижа за семејствата на загинатите бранители кои живеат на територијата на општината, преку обезбедување еднократна парична помош и училишна стипендија за децата на македонските херои.
На средбата присуствуваа и претставници од Здружението на загинатите бранители, од Министерството за одбрана и од Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
