Во канадски индустриски град евакуирани над 80 илјади луѓе поради пожар
Целото население на канадскиот индустриски град Форт Мек Мареј во областа Алберта е евакуирано поради големиот прериски пожар.
Повеќе од 80 илјади жители се евакуирани од своите домови. Поради масовната евакуација се создаде голем метеж на главниот автопат 63, кој моментално е единствен излез од градот.
Силниот ветер и високите температури драматично ја влошуваат ситуацијата и тоа мошне брзо, а жителите имаат малку време за евакуација.
Гувернерката на Алберта, Рејчел Нотли изјави дека станува збор за најголема евакуација на населението во историјата на таа област и додаде дека надлежните прават се што е во нивна моќ за да ја осигураат безбедноста на граѓаните.
- Ја разгледуваме можноста за воздушна евакуација на населението со медицински проблеми, изјави Нотли.
Агенцијата за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот изгореле повеќе згради, но не можеше да прецизира колку. Стотина пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот.
Алберта е индустриска област, во која се наоѓаат голем број нафтени објекти. Резервите на нафта во тој дел на Канада се трети по големина во светот, веднаш зад Саудиска Арабија и Венецуела.
Ново на Сител
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот