Во Канада истрага поради прислушување новинари
Владата на канадската покраина Квебек објави дека ќе биде покрената јавна истрага за слободата на медиумите и надзорот на полицијата над новинарите, откако беше откриено дека различни служби ги следеле телефоните на новинарите.
Двете најголеми полициски агенции на оваа покраина на почетокот на оваа недела соопштија дека во 2013 година ги следеле телефоните на шест истакнати новинари во обид да лоцираат личност осомничена за оддавање чувствителни информации за прислушување.
Канадскиот премиер Џастин Трудо ги оквалификува наводите за следење новинари како „загрижувачки“.
- Не само што слободата на медиумите е важна, туку таа е еден од основните гаранти на слободната демократија, на слободното општество, истакна Трудо на конференцијата за новинари.
Премиерот на Квебек Филип Кујарт претходно оваа седмица објави директиви за подобра заштита на слободат ана медиумите во таа покраина после тврдењата за овој одвоен инцидент, каде полицијата во Монтреал го шпиунирала колумнистот на весникот „Ла Прес“, следејќи ги неговите телефонски пораки, текстови и движења.
Ново на Сител
-
Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени
-
Алкараз трет полуфиналист во Барселона
-
Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден
-
Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден
-
Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани, истрагата продолжува
-
Велика Сабота, денот меѓу смртта и воскресението
-
Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралата Кичево-Гостивар