-->
-->
Во Јужна Африка започна гласањето за локалните избори
-->
Над 26 милиони јужноафрикански избирачи денеска гласаат на локалните избори во Јужна Африка, кои се сметаат за тест за владејачката партија Африкански национален конгрес (АНЦ) на претседателот Џејкоб Зума.
Гласањето започна во 7:00 часот по средноевропско време.
Според анкетите, опозициската партија Демократска алијанса би можела да победи во големите градови во земјата, што би било прв пораз на АНЦ во нив по укинувањето на апартхејдот земјата во 1994 година.
Со посебен интерес се следи гласањето во главниот град Преторија, економскиот мегаполис Јоханесбург и индустрискиот град Порт Елизабет на брегот на Индискиот Океан.
Досега партијата на Зума беше на власт во 278 града во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лекувањето на британскиот крал продолжува и следната година
-
Поголемиот дел од Скопје денеска по 22 часот ќе остане без вода, препораки од ИЈЗ за граѓаните
-
Осуммина загинати и 18 спасени откако се преврти глисер со мигранти во близина на грчкиот остров Родос
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн
-
Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство