Во јуни издадени 213 одобренија за градење

Во јуни годинава се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4 857 279 илјади денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 37 (17,4 отсто) за објекти од нискоградба и 56 (26,3 отсто) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 213 објекти, на 110 или на 51,6 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103, односно 48,4 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 260 станови со вкупна корисна површина од 25 680 квадратни метри. Најмногу одобренија за градење, 57 се издадени во Скопскиот регион.
МИА
Ново на Сител
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
