-->
-->
Во Јапонија повлечени новите серии на вакцината на Модерна поради нечистотија
-->

Локалните власти на Окинава денеска ја повлекоа од употреба вакцината против Ковид-19 на американската компанија Модерна откако открија нечистотија во затворените ампули на вакцината.
Властите во Токио вчера најавија отворање на истрага за смртта на двајца мажи кои примиле вакцина од Модерна од серијата што неодамна е повлечена од употреба поради нечистотија во затворените шишенца.
Во Јапонија на 26 август повлечени се 1,63 милиони дози вакцина на Модерна по информациите за присуство на нечистотија во три серии од дистрибуираните вакцини.
Во Јапонија 44 проценти од населението е вакцинирано против Ковид-19, но и покрај тоа во земјата се шири делта сојот.
Од почетокот на пандемијата во Јапонија регистрирани се 15.800 смртни случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
-

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите
-

Ѓоковиќ донесе одлука – нема да се појави на терен
-

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата
-

Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
