Во јануари повеќе одобренија за градба

Во првиот месец од годинава се издадени 263 одобренија за градење што е за 11,4 проценти повеќе од јануари претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.108.575 илјади денари што е за 97 отсто повеќе во однос на тој месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 155 или 58,9 отсто се наменети за објекти од високоградба, 42 или 16 отсто за објекти од нискоградба и 66 или 25,1 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 263 објекти, на 151 или 57,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 или 42,6 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 319 станови со вкупна корисна површина од 26.165 метри квадратни.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
