-->
-->
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-->
Израелските напади врз Иран убија најмалку 224 лица, а повредија повеќе од 1.000 од петокот – соопшти иранското Министерство за здравство.
По 65 часа агресија од страна на ционистичкиот режим, 224 жени, мажи и деца загинаа како маченици – напиша портпаролот на Министерството за здравство, Хосеин Керманпур.
Повеќе од 90 проценти од жртвите беа цивили – додаде тој.
Израел започна невиден напад врз иранските воени и нуклеарни објекти во петокот наутро, велејќи дека целта му е да ја спречи Исламската Република да развива нуклеарно оружје. Иран одговори со напад врз Израел со стотици ракети и дронови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска