Во изминатото деноноќие 51 пожар на отворен постор, осум се активни, седум под контрола и 36 изгаснати
Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати.
Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (општина Новаци) и крак кон границата со Грција (мешана шума); активен пожар има помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен во општина Прилеп и Галиште, Трстеник во општина Кавадарци (мешана шума и нискостеблеста вегетација); помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Активни се и пожарите помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино (нискостеблеста и деградирана шума); во селото Нерав во општина Крива Паланка (висока борова шума); во кичевското село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума) и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица (борова шума).
ЦУК извесува за седум пожари кои се под контрола: во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце во општините Старо Нагоричане и Куманово – со ширење кон селата Димонце и Коњух во општина Кратово (ниска вегетација); селата Средно и Долно Коњаре во општина Петровец (мешана шума); во истата општина под контрола е и пожарот во Катланово (ниска вегетација); село Грешница
во Македонски Брод (мешана шума и сува трева) и село Латово, исто така во општина Македонски Брод (ниска вегетација и деградирана шума); помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип (нискостеблеста шума, прнар и сува трева) и во село Јунузлија во општина Карбинци (шума).
Изгаснати се 36 пожари во села и локации во општините Шуто Оризари, Арачиново, Сарај, Зелениково, Битола, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Струмица, Василево, Гевгелија, Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Велес, Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Липково, Брвеница, Боговиње, Гостивар и Врапчиште.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза
-
Приведено лице што возело со 184 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час
-
Државна лотарија – во поддршка на културата и оштествениот развој
-
Ѓоковиќ: Кога се приближуваш кон 40. година треба да научиш да ја чуваш силата за најважните моменти
-
За една недела во Центар отстранети 99 непрописно паркирани возила
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина