Во Италија уапсени 34 осомничени мафијаши
Италијанските власти денеска уапсија 34 осомничени членови на мафијата во голема полициска операција на 25-годишнината од убиството на судијата во борба против мафијата Паоло Борселина, извршено од сицилијанската Коза ностра.
Борселино и петмина телохранители загинаа при експлозија на автомобил-бомба на 19 јули 1992 година, два месеца откако неговиот колегха Џовани Фалконе беше убиен. Двата напади доведоа до посериозни акции против сицилијанската мафија.
Приведените дејствувале во квартот Бранкачо во Палермо и биле поврзани со мафијашиот клан Гравиано, чии водачи се осудени на доживотна казна затвор поради убиството на Фалконе и на Борселино.
При полициската операција одземени се сметки во висина од околу 60 милиони евра. Во друга акција против мафијата конфискувани се сметки во висина од околу 1,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје
-
Без вода делови од улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Сејфула“, населбата Топанско Поле со намален притисок
-
Без струја делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево
-
Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба