-->
-->
Во Иран затворени 800 продавници поради продажба на „облека од Запад“
-->

Иранската полиција затвори повеќе од 800 продавници во државата, затоа што продавале „неконвенционална и несоодветна облека“. Се верува дека тоа се однесува на облеката во западен стил и женски предмети кои не одговараат на стогите стандарди.
Властите во почетокот испратиле официјални предупредувања во повеќе од 3.600 продавници да престанат да продаваат спорна облека, а потоа почнале да ги затвораат продавниците, јави Иранската телевизија.
Иранската полиција и државната телевизија изминатите недели спроведуваат кампања против продавање облека со натпси на англиски јазик.
По Исламската револуција 1979 година, жените во Иран мораат да бидат покриени од глава до пети во широки облеки додека на главата мораат да носат шамии.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
