Во Иран обесени три лица за наводна шпионажа за Израел
Иран денеска со бесење егзекутираше тројца затвореници за наводна шпионажа за Израел, објави државната агенција ИРНА.
Агенцијата наведува дека мажите биле обвинети за внесување „опрема за атентат“ во земјата. Бесењата се случиле во затворот Урмија во иранската покраина Западен Азербејџан.Иранските власти објавија дека во текот на изминатите 12 дена уапсиле повеќе од 700 лица поради наводни врски со Израел, објави државната агенција „Нур њуз“, а „Фарс њуз“, близок до иранските власти, ги нарече „израелски платеници“ и изјави дека се запленети 10.000 дронови.
„Од почетокот на нападот на Израел врз Иран, разузнавачката мрежа на ционистичкиот режим е многу активна во земјата. Иранските разузнавачки и безбедносни служби успеаја да уапсат повеќе од 700 лица во рок од 12 дена“, објави „Фарс њуз“.
За време на војната со Израел во Иран беа обесени неколку лица, што предизвика страв кај активистите дека може да има бран егзекуции по завршувањето на конфликтот.
Денешната егзекуција го зголемува вкупниот број на егзекуции за шпионажа за време на војната на шест.
Активистите стравуваат дека ќе бидат егзекутирани повеќе луѓе, особено откако иранската теократија во неделата даде рок за предавање на луѓе за шпионажа.
Ново на Сител
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар
-
Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
-
Авионот со Фон дер Лајен кој летал за Бугарија останал без ГПС, осомничени се Русите
-
26-годишна девојка нападната и ограбена од својот поранешен партнер во Карпош