Чаир ќе биде симбол на кyлтурната ренесанса на Скопје, вели Османи
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска го претстави својот проект „Чаир, Културен центар на Скопје“, чија цел е Чаир да стане културна престолнина на градот и симбол на мултикултурализмот, традицијата и современото творештво, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.
„Ова не е трошок, туку најголемата инвестиција во иднината на Чаир и на целото Скопје,“ истакна Османи.
Програмата предвидува ревитализација на Чаршијата преку обновување на фасадите, калдрмата и осветлувањето, како и создавање Културен центар со изложби, занаетчиски работилници и туристички активности. Во рамки на проектот се планира и организација на „Денови на Балканските чаршии“, со учество на градови од регионот како Призрен, Ѓаковица, Шкодра, Гирокастра, Мостар и Сараево. Посебно внимание ќе биде посветено на поддршка на занаетчиите и развојот на туризмот, преку субвенции, брендирање на традиционални производи и промоција на локалната гастрономија.
Културниот живот во Чаир ќе се збогати со нови фестивали и настани, меѓу кои и „Doku n’Shkup“, два месеца исполнети со филм, музика и култура, како и фолклорен фестивал за учениците од општината. Воедно, проектот предвидува и инвестиции во младите преку стипендии за талентирани ученици и студенти, субвенции за музички инструменти, модерно опремени кабинети по музика и изградба на современа читалница достапна за сите граѓани.
Како новитет, ќе се воспостави Виртуелен музеј на Чаир, дигитална архива со историја, фотографии и лични сеќавања на жителите, кој ќе овозможи зачувување и достапност на културното наследство. Во план е и изградба на современ и инклузивен објект со сали за театар, концерти, изложби и младински активности.
„Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје. Ќе инвестираме во културата, уметноста и младите, затоа што тие се гаранција за иднината. Со ‘Чаир, Културен центар на Скопје’ ќе изградиме средина каде што традицијата и современоста ќе се спојат во едно,“ порача Бујар Османи.
Со овој проект, Чаир ќе стане живо срце на културниот живот на Скопје, место каде што историјата, современоста и иднината ќе се сретнуваат и ќе отвараат нови перспективи.
Во прилог Ви праќаме линк:
https://www.facebook.com/share/v/1FD8FgtVG6/?mibextid=wwXIfr
ДУИ
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување