Во Индонезија заразени со Ковид-19 речиси истовремено 54 новинари

Педесет и четири новинари од државната радио станица во Индонезија за кратко време се заразиле со коронавирусот. Тројца од нив починале, јавија локални медиуми, повикувајќи се на информации од Алијансата на независни новинари во Индонезија (АНJ).
Според одлуката на раководството на Радио Република Индонезија, на три тестови спроведени кон крајот на јуни и почетокот на јули, биле регистрирани 54 новинари заразени со коронавирусот.
Последниот тест бил извршен на 13 јули. Двајца од оние кои биле тестирани позитивни вчера веќе се хоспитализирани.
Според АНJ, заразата кај новинарите е предизвикана од тоа што локалните политичари и големите бизнисмени честопати одржуваат прес-конференции без да ги почитуваат епидемиолошките мерки на безбедност.
Уредниците и директорите, наместо да им забрануваат на новинарите да присуствуваат на такви настани, ги поттикнуваат да известуваат од нив.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
