Во Индонезија 34 престапници јавно истепани со бамбусов стап
Вкупно 34 лица, обвинети и казнети за кршење на нормите на исламското шеријатскот право, беа јавно беа тепани со бамбусови стапови во индонезиската провинција Ацех.
Ова е првото помасовно јавно тепање во Индонезија, од како во јуни годинава провинциските власти во Банда Ацех, покрај цивилното, решија да го преминуваат и шеријатското право.
Поголемиот дел од тепаните биле фатени во коцкање, а единаесет од нив, вклучувајќи и четири жени се казнети поради тоа што биле фатени во „интимни контакти’’ со лица со кои не се во брак. Една од тепаните двојки била осудена пораи тоа што се возела на мотор со маж со кој не била венчана.
Дел од ударите со бамбусов стап осудените можеле да го заменат со затвор, но никој не можел да помине без шест удари. Еден удар со стап може да се замени со еден месец затвор.
Провинцијата Ацех се наоѓа на крајниот запад на индонезискиот архипелаг и е позната по екстремниот исламски традиционализам. Кон крајот на минатиот век во Ацех дејствуваа бројни вооружени групи кои се бореа за отцепување од Индонезија, но режимот на Сухарто крваво ги задушуваше таквите обиди.
Своевиден куриозитет на борбата против сепаратистите во Ацех е и податокот според кој, по налог на Сухарто, во борба против сепаратистите биле употребувани затвореници, најчесто политички. Тие, облечени во армиска униформа, добивале простување на затворската казна по принцип - еден месец борба во Ацех, една година помалку затвор.
Ново на Сител
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?