Во Индија упаднале над 60 терористи од Пакистан
Во последните неколку недели во Индија упаднале над 60 вооружени терористи од територијата што е под контрола на Пакистан,информира весникот „Тајмс оф Индија“, цитиран од ТАСС.
Повеќето од терористите и припаѓаат на сепаратистичката група „Хизб ул Муџахидин“. Тие во Индија упаднале користејќи ја нестабилната ситуација во државата Џаму и во Кашмир“, забележува весникот, повикувајќи се на информација на индиските специјални служби.
Целта на терористите била да ја дестабилизираат ситуацијата во оваа индиска држава. Тие, освен тоа, врбувале млади луѓе за својата група, информираат истите извори.
Првиот заменик министер за надворешни работи на Индија, Субраманијам Џаишанкар изјави дека примил покана од својот пакистански колега Азаз Чоудхри да го посети Исламабад за да ја разгледаат ситуацијата во Џаму и Кашмир. Субраманијам имал намера во разговорите да го отвори и прашањето за прекуграничниот тероризам.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест