-->
-->
Во Индија од Ковид-19 починале 196 лекари, 64.000 нови случаи
-->

Индиското лекарско здружение соопшти дека од Ковид-19 до сега починале 196 лекари, а во отвореното писмо до премиерот Нарендра Моди, побараа соодветна нега за лекарите и нивните семејства.
Министерството за здравство вчера регистрира речиси 64.000 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 2.153.010.
Најмалку 628.747 пациенти сè уште се на лекување.
Во Индија се регистрирани уште 861 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 43.379.
Индија во просек регистрира околу 50.000 нови случаи на ден од средината на јуни и има трет најголем број на заразени со Ковид-19 по САД и Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
