Во инцидентот во Мала Речица убиен член на ДУИ, приведени четири лица
Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.
Меѓу повредените лица, според очевидци, е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата.
Основното јавно обвинителство Тетово синоќа соопшти дека во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.
- Во организирана акција на Обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода. Од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово синоќа е извршен увид на самото место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици. Основното јавно обвинителство Тетово продолжува во континуитет се до целосно расветлување на настанот, се наведува во соопштението на тетовското Основно јавно обвинителство.
Од СВР Тетово за МИА изјавија дека во текот на ноќта приведени се уште две лица кои се сомничат дека биле дел од групата која учествувала во претстрелката.
Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
МВР се очекува денеска на прес-конференција да соопшти повеќе детали во врска со инцидентот во Мала Реќица, Тетовско.
Инцидентот, како што јави дописникот на МИА од Тетово, се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица. Престрелката почнала во 18:20 часот кога возило Ауди со кумановски таблички му го препречило патот на друго возило при по што две лица од првото возило почнале вербална расправија и дошло до престрелка.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан