Во Идомени функционира и училиште за бегалците
Независна група волонтери во Идомени отворила училиште за децата бегалци и мигранти, јави грчката државна новинска агенија АНА-МПА.
На знакот поставен пред голем шатор, кој го ставиле волонтери од различни земји, пишува „Идомени културен центар“, а настава има секој ден. Наставници се бегалци кои студирале математика, наука или јазици.
Според програмата, појадок се служи во 9 часот, а потоа следуваат часови по математика, по курдски и арапски јазик, а има и курсеви за возрасни.
Како што јави допсиникот на МИА од Атина, волонтерите, од своја страна, се обидат децата да ги научат јазици, како што се англиски и германски, кои ќе им требаат понатаму во нивниот нов живот.
- Многу од децата, поради војната, не знаат да пишуваат или да читаат. Има 11 или 12 годишни деца кои никогаш не биле на училиште, велат волонтерите за АНА-МПА и истакнуваат дека им треба хартија, моливи и книги на арапски јазик, затоа што бројот на децата се зголемува од ден на ден.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството