Во иднина личната потрошувачка ќе биде се поголема и поголема, смета Заев

Зголемувањето од 4,45 проценти на бруто наплатата на ДДВ во декември 2020 година е најеклатантен доказ за зголемената лична потрошувачка и економска моќ на граѓаните, како и за растење на самата економија во време на силен бран на пандемијата со Ковид-19, смета премиерот Зоран Заев.
Лична потрошувачка на граѓаните, рече на денешната прес-конференција во Владата, е најголем дел од БДП во државата и верувам дека во иднина ќе биде се поголема и поголема заради тоа што нашиот народ ќе биде економски помоќен.
– Не би можел приходниот дел на Буџетот да биде толку исполнет ако граѓаните не трошат повеќе средства. ДДВ е данок на крајните потрошувачи, односно физичките лица – граѓаните. Ваквата наплата на ДДВ во бруто износ иако повратот е многу поголем во секој месец од споредбените месеци во 2019 година е доказ за зголемената лична потрошувачка. Охрабрувам и понатаму личната потрошувачка да биде активна, граѓаните да трошат затоа што и понатаму државата ќе ги поддржува, а и очекуваме сериозно јакнење на економскиот стандард на сите граѓани, рече Заев во одговор на прашање дали со порекциите во Буџетот ги охрабруваат граѓаните повеќе да трошат пари во 2021 година.
Во иднина, потенцира, очекуваме да ни растат и услужните дејности како дел од БДП, да јакне и домашната продукција и производство за да расте БДП во државата, а сето тоа е поврзано со економскиот стандард на граѓаните од каде доаѓа и личната потрошувачка.
-Верувам дека веднаш по поминувањето на кризата ќе го видиме повторно убавиот позитивен тренд на растење на минималната и просечната плата во државата и севкупните примања на граѓаните, потенцира премиерот Заев.
Ново на Сител
-

УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина
-

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
-

Нетанјаху нареди силни удари врз Газа по прекршување на примирјето
-

По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје
-

Дојави за наводно поставени бомби во повеќе основни училишта во Куманово
-

Димитриеска Кочоска: Со Предлог буџетот за 2026 забрзување на економскиот раст, дури 40,5 милијарди за капитални инвестиции
-

Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина
-

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5
