Во Хрватска во продажба заштитни маски кои го „убиваат“ вирусот
Во Хрватска пристигна пратка со 128.000 маски за кои се вели дека сами го „убиваат“ коронавирусот, дизајнирани од израелски научници.
Маските денеска ќе бидат дистрибуирани во аптеките, кои ќе ги продаваат за околу 40 куни (330 денари), објави хрватскиот портал 24sata.
Увозничката компанија Ринигард вели дека ова е само прва во серијата набавки и дека очекуваат нарачки од Србија, Унгарија, Австрија и Швајцарија, кои веќе, како што се наведува, покажале интерес за купување на големо. Цената ќе зависи од количината на нарачката и веројатно ќе се промени во иднина.
Маската, според изгледот, не се разликува од класичните хируршки маски за лице, но при изработката во материјалот е вметнат бакар оксид со антивирусни и антибактериски својства, пишува порталот.
Маската може да се користи постојано додека не биде физички уништена, натопена со вода или значително загадена. Со секојдневно носење, маската може да се користи до еден месец.
Маската може да се носи континуирано до три часа, по што треба да се отстрани, да се постави на рамна површина и да се остави 40 минути за својствата на материјалот да ги неутрализира патогените.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана