Во Хрватска нов бојкот на продавниците
Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ која започна бојкот на продавниците, ги повика граѓаните од денеска да не купуваат одредени производи и да бојкотираат одредени трговски ланци во период од седум дена.
Тие дополнително повикаа на општ бојкот на продавниците утре, по примерот на оној што се случи минатата недела.
-Се повикуваат граѓаните да не купуваат во три меѓународни трговски синџири – Лидл, Еуроспин и ДМ, како и да не купуваат газирани пијалоци, вода и детергенти во ниту една продавница од денеска наутро до среда навечер. Исто така, хрватските граѓани се повикуваат воопшто да не трошат в петок, а планирано е бојкотот да опфати платежни трансакции, угостителски услуги, сместување, превоз и достава, се вели во повикот.
За време на бојкотот на бензинските пумпи и другите малопродажни продавници минатиот петок граѓаните потрошиле нешто повеќе од 28,5 милиони евра, додека седум дена претходно, пред бојкотот, биле потрошени околу 60,5 милиони евра. Минатиот петок, поради масовниот бојкот на продавниците, бројот на сметки за малопродажба во Хрватска е намален за 44 отсто во однос на претходниот петок, додека сумата на сметките паднала за цели 53 отсто.
Вкупниот број на фактури (во сите индустриски гранки, не само трговијата) падна за 29 отсто, а износот на фактурите за 36 отсто.
Ново на Сител
-
Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС
-
20-годишно момче од Охрид е втората жртва во тешката сообраќајка на патот Битола – Ресен
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин