Во хотелот „Монтенегро“ кај Велес во државен карантин трета група од 79 повратници од странство
Во Државен карантин во Хотел „Монтенегро“ кај Велес во моментот престојуваат 79 лица повратници од странство, а најголем дел од нив се млади кои работеле на крузери, сите се здравствено прегледани и се во добра состојба, информира за МИА д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом од Велес.
Лекарски екипи на Здравствениот дом заедно со нивни колеги од ЈЗУ Општа болница Велес постојано дежураат во Хотел „Монтенегро“ и ја следат нивната здравствена состојба. Меѓу овие лица има жители на Велес,Скопје,Струмица и селата од струмичко, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка, Гевгелија, Неготино, Охрид, Прилеп и Штип.
– Сите се прегледани и се во добра општа здраствена состојба, информира д-р Тодоров.
Тој појасни дека овие лица тука во државен карантин биле сместени на 22 и 23 мај, а ќе останат во наредните 14 денови и ако се во добра здраствена состојба ќе бидат пуштени дома.
Инаку во изминатата недела од Државен карантин од Хотелот „Монтенегро“ кај Велес дома си заминала втората група повратници од странство од вкупно 80 лица. Првите 20 си заминале на 21 мај, на 22 мај заминале дома 47, а на 23 мај и преостанатите 13 лица, информира д-р Тодоров.
Ново на Сител
-

Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
