Во Холандија се бара враќање на визите за албанските граѓани
Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за албанските граѓани.

- Преку интерен меморандум од Владата се бара да преземе активности околу ова прашање, изјави портпаролот на амстердамската полиција за „The Telegraap.nl.“
Во написот се наведува дека последните години Албанците се почесто се главните организатори во трговијата со дрога и дека само од 2016 година има отворено 36 истраги за осомничени лица од Албанија.
Полцискиот портпарол зборува за „брзиот напредок“ на Албанците во криминалната мрежа во Холандија и притоа оцени дека политички е важно да се донесе одлука, посочувајќи дека извештајот набрзо ќе биде достаен до министерствата за внатрешни работи и за правда.
„Со враќање на визниот режим полицијата и судството сакаат да ги спречат Албанците „да се вкоренат во холандското општество“, заклучува „The Telegraap.nl.“
На веста ексоресно реагираше поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите, Сали Берша, кој за сето ова го обвини актуелниот премиер Еди Рама.
„Рама на Албанците им даде дрога и им ги враќа визите“, напиша тој на својот профил на фејсбук.
Пренесувајќи ја информацијата тиранската телевизја „Ора њуз“ наведува дека според правилата на ЕУ за враќање на визниот режим потребена е едногласна одлука од страна на Советот на министри на ЕУ.
Ново на Сител
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
