Во ХЕ„Шпилје“ за шест месеци произведени 69 милиони киловат часови струја
И покрај неповолната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, во периодот јануари-јуни годинава, со целосна оптимизација на сите производни капацитети, во Хидроелектраната „Шпилје“ остварени се добри производни резултати.
Ова го потврдуваат надлежните, додавајќи дека во овој значаен елекроенергетски објект во првите шест месеци од годинава произведени се 69 милиони киловат часови електрична енергија.
- Тоа претставува остварување за 26 отсто на годишниот план, кој е проектиран на 275,5 милиони киловат часови електрина енергија. Исполнетоста на акумулацијата е 85 проценти, што значи има одлична резерва за производство на над 37 милиони киловат часови. Што се однесува до средниот дотек на вода во акумулацијата, тој се движи до 30 метри кубни вода во секунда, велат надлежните.
Според нив, со добра хидрологија во втората половина од годинава, како и со постојната резерва, не е исклучено „ Шпилје“ да го реализира годишниот план во согласност од потребите за електрична енергија.
Ново на Сител
-
Трамп со аплауз го пречека Путин
-
Авионот на Трамп слета во Екориџ
-
Песков: Самитот меѓу Путин и Трамп во Алјаска ќе трае најмалку 6-7 часа
-
Во Албанија уапсени три лица за подметнување пожари, ситуацијата со пожарите подобрена
-
Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ
-
Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија
-
Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар
-
Поради пожар во НП Јасен патот Македонски брод Скопје затворен за секаков вид возила