Во ХЕЦ „Шпилје“ за два месеца произведени над 51 милион KWh струја
Хидроцентралата „Шпилје“ кај Дебар, продолжува со позитивното производство, кое е континуитет на ланското рекордно производство на електрична енергија.
- Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51милион киловат часови електрична енергија што претставува 19 отсто од вкупно планираното производство за годинава. Како резултат на поволната хидрологија, во акумулцијата „Дебарско Езеро“ има резерва на вода за производство на 32 милиони киловат часови, велат надлежните од ЕЛЕМ.
Според нив, моментно дотекот на вода од реките Радика и Црн Дрим, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ изнесува 62 метри кубни во секунда.
Како резултат на поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје и навреме извршените ремонти и ревизии на електомашинската опрема, во „Шпилје“ лани беа произведени 314 милиони киловат часови електрична енергија.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%