Во Грција започна вакцинација на граѓаните над 85-годишна возраст
Со граѓаните кои се над 85-годишна возраст во Грција денеска започна вакцинацијата на населението, а паралелно, во тек е и процесот на вакцинација на здравствените работници во сите болници во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Минатата седмица беше отворена специјалната платформа за закажување термин за вакцинација за лицата што се во првата фаза односно над 85 години.
-Моќта за живот, напиша министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на неговиот официјален Твитер профил, објавувајќи фотографии од двајца Грци над 85 години кои во атинска болница ја примија вакцината против Ковид-19.
Вакцинацијата во Грција започна на 27 декември 2020 година, а заклучно со вчера попладне биле вакцинирани 75.276 лица.
Втората доза од вакцината на Фајзер во следните денови, веројатно во понеделник , ќе ја примат и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, кои се вакцинираа меѓу првите во Грција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата
-
Гаши: Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене
-
Инцидент во Кичево и препишување на вториот испит од државната матура
-
Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет
-
Пред стартот на жетвата на пченица земјоделците бараат утврдување на производна и откупна цена
-
Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата
-
Преглед на вести од светот