Балкан
21. August 2017 - 15:08

Во Грција за три дена пристигнале повеќе од 600 мигранти

На грчките острови во Егејското Море во изминатите три дена пристигнале вкупно 633 мигранти и бегалци, соопштија денеска локалните власти.

На Хиос се регистрирани 256 пристигнувања, на Самос 230, а на Лезбос се пријавени 147 нови бегалци и мигранти.

Од Турција во Грција годинава влегле повеќе од 12.000 мигранти, што е значително намалување од 161.000 бегалци кои влегоа во Грција минатата година во истиот период, соопшти ИОМ.