Во Грција во последните 24 часа пристигнале околу 170 нови бегалци
Во Грција во последните 24 часа пристигнале 169 нови бегалци, а во цела Грција денеска има 57.039 бегалци и мигранти.
Според Координативното тело за управување со бегалската криза, како што јави дописникот на МИА од Атина, 20.545 од бегалците се во северна Грција, 9.900 се сместени во регионот на Атика и 2.692 се во објекти во централниот и јужниот дел на Грција.
Вкупно 7.862 бегалци и мигранти се сместени во неколку објекти изнајмен од страна на УНХЦР, 2.786 се во неорганизирани објекти, а 3.050 лица живеат надвор од организирана центри.
На островите во источниот дел на Егејското море денеска има 10.204 бегалци и мигранти.
Во јули 16 бегалци и мигранти доброволно се вратиле во своите земји, а од почетокот на годинава доброволно се вратиле вкупно 3.647 луѓе
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“